Вчера околу 23 часот и 55 минути во Охрид на улицата „Туристична“ без број, во угостителскиот објект „Беко“, сместен во близина на градскиот пазар, Благоја П. по претходна вербална расправија со вработен од објектот, земал автоматска пушка и пукал со неа, а потоа пукал и пред објектот.
Според нашите информации нема повредени, иако во моментот имало гости во објектот.
Охриѓанецот е приведен и одземени му се една пушка и пиштол кои ги поседувал без одобрение. Приведен е и Томче Н. кој бил заедно со насилникот во моментот на настанот.
Инцидентите во Охрид во угостителски објекти имаше и пред неколку дена, но туристичките работници се надеваат дека тоа нема да ги одврати туристите оваа туристичка сезона да го посетат Охрид.