Заедничка седница на владите на Македонија и Косово на 25 јануари

Од:

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово се договориле заедничката седница, за која претходно беше постигнат договор, да ја одржат на 25 јануари во Скопје, објави денеска косовската Влада.

На денешната владина седница косовската вицепремиерка Албулена Баљај-Халими ги информира останатите членови на кабинетот на премиерот Авдулах Хоти за текот на подготовките за заедничката седница, која беше договорена на нејзината неодамнешна средба во Приштина со првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби.

– Се согласивме заедничката седница да се одржи на 25 јануари 2021 во Скопје, во просториите на Владата на Северна Македонија, изјави Баљај-Халими.

Косовската Влада денеска ја усвои и иницијтивата за потпишување меѓународен договор меѓу владите на двете држави за заеднички гранични премини во Блаце – Генерал Јанковиќ и Јажинце – Глобочица, како и иницијативата за договор за туристичка соработка меѓу владите на Северна Македонија и Косово.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Агим Велиу изјави дека овие дејствија се во правец на олеснување на процедурите и мерките во врска со граничната контрола и другите меѓугранични процедури.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски