ЈЗУ здравствен дом Крушево објави дека од денес започнува да работи Ковид-19 лабораторијата каде што ќе се земаат брисеви.
Ова доаѓа по донацијата на тестови од страна на Министерството за здравство во насока на справување со коронавирусот во општина Крушево.
„Почитувани, од денес Здравствен Дом Крушево започнува со тестирање за Covid 19. Закажувањето за тестирање се врши преку Мој Термин“, објавија од ЗД Крушево.