Франција и Австрија од вечерва ја дополнуваат листата земји кои ги затворија транспортните врски со Велика Британија поради стравот од новиот вид на коронавирусот.
Австриското министерство за внатрешни работи ќе ги забрани сите летови кон Велика Британија. Франција забранува секаков вид патување кон оваа држава. Забраната прво е за 48 часа, а потоа Франција во договор со другите челенки на Европската унија ќе донесе нова одлука.
Претходно Холандија, Германија, Ирска, Италија, Бугарија и Белгија веќе ги прекинаа летовите од Велика Британија.
Германија, освен за за летовите од Велика Британија, веројатно ќе забрани и летови за Јужна Африка, откако двете земји информираа дека идентификувале нов вид на коронавирус.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација објави дека новиот тип на коронавирусот е регистриран и во Данска, Холандија и во Австрија.