Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот

Од:

Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска, во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност.

– Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Гест, насмевка, помош да се испазари за оние кои се во изолација, донација, кој колку може. Верувам дека и себе и на останатите им покажавме што значи солидарност на дело. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели, напиша премиерот.

Во објавата на Заев на неговиот фејсбук-профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски