Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 738 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 40 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 87 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 24 во Кичево 19, Кавадарци 52, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1217 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.