Граѓаните за Самитот во Чикаго

Од:

Самитот на НАТО главна тема и во секојдневните муабети на граѓаните. Најголем дел од нив разочарани бидејќи Македонија и годинава остана извисена од големите сили.

За едни виновна е само Грција. Другите пак, се сомневаат во актуелната политика и бараат подобро претставување на земјава пред светот.

Сепак, речиси сите се согласуваат дека НАТО, во овие моменти, кога безбедноста во државата останува кревка, НАТО е најдоброто решение и единствената шанса за Македонија.

Оние кои се против НАТО, објаснуваат дека нема што да бараме во Сојузот ако таму не не сакаат.

И покрај јавното мислење, Премиерот, наместо на Самитот во Чикаго, сепак се одлучи да остане дома. Граѓаните со оправдување и за него. Велат и онака патувањето ќе било бесцелно.

И на самитот во Чикаго, повторени се заклучоците од Букурешт. Членство за Македонија во НАТО, нема, се додека не се затвори спорот за името со Грција. Иако беше адут во рацете на македонските власти, не помогна ниту пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која Грција во Букурешт ја прекрши Времената спогодба и го спречи влезот на Македонија во НАТО.

Граѓаните остануваат согласни, НАТО е единствената гаранција за безбедноста во земјава.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија