Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 479 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид центарот на Неврологија двајца.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.