Успешно тестирана руската нуклеарна подмориница Казањ

Од:

Најновата руска нуклеарна подморница „Казањ“ беше успешно тестирана и ја погоди целта во Белото Море со противбродска крстосувачка ракета „Оникс“, соопшти руската Северна флота.

Ракетното пукање беше реализирано од полигонот за борбена обука на Северната флота во водите на Белото Море, како дел од новата фаза на тестирање што започна на крајот на минатата недела.

Се посочува дека подморницата успешно реализирала две пробни гаѓања во ноември – првиот пат крстосувачката ракета „Калибар“ ја погоди крајбрежната цел, а вториот пат крстосувачката ракета „Оникс“ ја погоди целта во море.

Проектирањето на нуклеарната подморница „Казањ“ започна на 24 јули 2009 година, а беше лансирана на 31 март 2017 година.

Главно оружје на подморниците „Казањ“ се ракетите „Калибар-ПЛ“ и „Оникс“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз