Хоти му одговори на Вучиќ: Нема договор без взаемно признавање на Косово и Србија

Од:

Премиерот на Косово Авдулах Хоти денеска оцени дека изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека додека тој е претседател, Србија нема да го признае Косово, не придонесува за дијалогот и повтори дека конечен договор не може да се постигне без меѓусебно признавање.

„Изјавите дека тие нема да ја признаат независноста на Косово не придонесуваат за дијалог. Ако нема меѓусебно признавање, тогаш нема да има договор. Косово ќе продолжи по патот кон Европската унија”, напиша Хоти на Фејсбук.

Тој додаде дека „дијалогот продолжи врз основа на јасни принципи на конечни договори за нормализирање на односите и взаемно признавање и дека нема да има делумен договор“.

„Нема договор со Србија без взаемно признавање. Косово останува посветено на заклучување на сите отворени прашања преку дијалог во Брисел со посредство на ЕУ”, рече Хоти.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово