На 400 пациенти досега се третирани со конвалесцентна плазма информираат од Институтот за трансфузиона медицина. Од таму велат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Вкупно 449 дарители донирале плазма.
Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место – таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот. На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19 – порачуваат од Министерството за здравство.