Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант

Од:

Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, жестоко ја критикуваше мајка си која поведе судска постапка во обид да добие дел од семејното наследство, проценето на околу 600 милиони долари.

Во тужбата што на 48 страници ја поднесе до судот во Лос Анџелес, шеесетиосумгодишната Софија Урбиета Лејн бара финансиски надомест за својот долгогодишен ангажман како помошничка во домот на Брајант и грижата околу нивните деца, тврдејќи дека кошаркарот и ветил доживотно издржување

– За жал, ветувањето на Коби Брајант никогаш не го дочека светлото на денот, бидејќи тој почина, а Ванеса Брајант ги презеде сите чекори да ги избегне и поништи неговите ветувања, се наведува во тужбата поднесена од Лејн.

Отфрлајќи ја тужбата како неоснована и полна со лаги, нејзината ќерка издаде соопштение во кое наведува дека заедно со својот сопруг и дозволиле бесплатно да живее во една од нивните куќи и, притоа, не ја обесхрабрувале самата да се грижи за себе, пренесе весникот „Лос Анџелес Тајмс“.

-Беше баба, која на мое барање ја издржувавме јас и нејзиниот зет. Таа сега сака да ми наплати 96 долари на час, за 12-часовна работа на ден, во период од 18 години за грижа околу своите внуки. Вистината е дека таа само повремено ги чуваше моите постари ќерки, додека беа бебиња, наведе Ванеса Брајант.

Нејзиниот сопруг Коби Брајант и 13-годишната ќерка Дијана, загинаа во авионска несреќа на 26 јануари оваа година, заедно со уште седум други патници.

Финансиските експерти проценија дека Ванеса Брајант го наследила управувањето со семејниот имот проценет на околу 600 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Билет од последниот натпревар на Брајант продаден на аукција за 40 илјади долари

(ВИДЕО) Емотивни говори, музички настапи и многу солзи: Како помина комеморацијата во чест на Коби Брајант?

А1он

„Вашингтон пост“ ја врати на работа отпуштената новинарка по твитот за Коби Брајант

„Коби беше посебен“: Продолжуваат признанијата за Коби Брајант

А1он

По „Оскар“, Коби Брајант ја доби и наградата „Еми“

Ана Ололовска

Брајант: Чувството да добиеш Оскар е подобро од НБА титула

Наум Локоски