Во Скопје уште дванаесет жртви на Ковид-19 и нови 345 заразени

Од:

Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 345 новозаразени со коронавирусот, а уште 12 пациенти, меѓу кои најмладиот имал 33, а најстариот 84 години, соопштија здравствените власти.

Во главниот град во изминатото деноноќие оздравеле 153 пациенти. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 11.713, покажуваат официјалните податоци.

Од почетокот на пандемијата, вкупно 33.313 скопјани се заразиле со коронавирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во целата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, починале 2.254 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 21.931, соопшти Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он