Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот достигнува 97%, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин и вети дека ќе се вакцинира самиот.
– Русија е првата земја во светот што измисли и започна со производство на вакцина. И ние имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна – 95 и повеќе отсто, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти, рече Путин на годишната прес-конференција.
бидејќи тоа е единственото нешто што создава имунитет на стадо, пренесува ТАСС.
Путин рече дека не е вакциниран, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но тој дефинитивно ќе го стори штом тоа стане можно.
Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажа како поефикасен во борбата против вирусот отколку другите земји.
– Ниту еден систем во светот не беше подготвен за тоа. Едноставно не постои таков систем – рече Путин.