Австриски суд казни со 2400 евра угостител со македонско потекло за прекршување на карантинот

Од:

Судот во австрискиот град Линц осудил угостител со македонско потекло на парична казна од 2400 евра поради преккршување на карантинот.

На угостителот му останале уште два дена од карантинот, но излегол да го прошета неговото куче ротвајлер во блиската шума, и сега тоа скапо ќе го чини.

Тој со сопругата во ноември се вратиле од одмор од С Македонија, но при ваќањето неговата жена била позитивна на Ковид-19, а тој како прв контакт морал да оди во карантин. Подоцна и тој бил позитивен на тест откако развил благи симптоми на болеста. По поминати осум дена, односно на два дена од истекот на наложениот карантин тој го прекршил законот.

Полицијата дошла до зградата во која живеел и го повикала на мобилен да се покаже на прозорецот, но тој токму тогаш бил излезен со кучето за што и кажал на полицијата, по што му напишале пријава.

Судиката одлучила дека шетањето на кучето не е причина за прекршување на карантинот и му одредила парична казна, наведувајќи дека во шумата се шетаат и други луѓе..

Казнетиот се правдал дека ротвајлерот морал да го изнесе во природа, бидејќи станал агресивен затворен во четири ѕида.

-Не бев свесен дека некого можам да заразам и не верував дека сум инфективен, рекол тој.

Државниот обвинител кажал дека прошетката со ротвајлерот можела многу брзо да доведе до судир со други кучиња и тогаш би било тешко да се одржи растојанието од други сопственици на кучиња.

Судот му одредил парична казна при што во одредувањето на висината на казната ја зел предвид и тешката сититуација на угостителот, а тој најавил жалба бидејќи му се чинела превисока.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски