СДСМ: Мицкоски да престане да ги поткопува државните интереси

Од:

„Губитникот Христијан Мицкоски да престане да работи против својата држава, против својот народ и да не ги поткопува државните интереси.

Мицкоски треба да го повлече тврдењето дека е потребен нов Договор со соседна Бугарија, што е сосема спротивно на државните позиции и на директна штета на државните интереси“, велат СДСМ.

„Исто така Мицкоски велеше дека може да направи подобар Договор и од Преспанскиот за подоцна да се повлече.

Имаме добар Договор со Република Бугарија и не е потребен нов договор, не е потребен анекс, туку доследно почитување на договореното.

Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик.

Што и да прави Мицкоски не може да ја загрози нашата европска иднина“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук