Самарас решителен во борбата против неонацизмот во Грција

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас истакна вчера дека е решителен да се бори против зајакнувањето на неонацизмот во земјата, откако неговите напори во таа насока беа доведени во прашање на Интернет и во странство поради неговото отфрлање на антираристички нацрт-закон.

Несогласувањето во однос на законот се појави во понеделникот меѓу лидерите на трите партии од владината коалиција – Андонис Самарас, Евангелос Венизелос, лидерот на ПАСОК и Фотис Кувелис, лидерот на ДИМАР.

ПАСОК и ДИМАР го доставија вчера во Парламентот антирасистичкиот закон, без поддршка на Нова Демократија. Самарас го заштити својот став во писмото до поетот Нанос Валаортис, објавено вчера.

– Ние треба да го обединиме народот против нацистите, а не да го разделуваме пред опасноста од неонацистите, посочува премиерот во писмото.

Поетот изрази загриженост поради полето на дејствување, што и е овозможено на неонацистичката партија „Златна зора“.

Меѓу напорите, кои треба да бидат преземени, Самарас ја истакна борбата против масовната нелегална имиграција.

– Ние треба да им го одземеме на неонацистите главното нивно оружје, нагласа Самарас во писмото.

Тој додаде дека неговата партија ќе предложи подобрување и актуелизирање на постоечката правна рамка, која датира од 1979 година.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица