До крајот на јануари ќе се надмине политичкиот ќор-сокак во Косово, вели в.д. претседателката Османи

Од:

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, која е во официјална посета на Албанија, изјави дека се надева оти до крајот на јануари ќе се надмине политичкиот ќор-сокак во Косово и ќе се избере нов претседател или земјата ќе оди на избори.

На заедничката прес конференција со албанскиот претседател Илир Мета, Османи рече дека не може да дава предвидувања во врска со однесувањето на опозицијата и политичката елита на Косово.

Додаде дека доколку земјата оди на избори тоа треба да се оцени како нешто позитивно, бидејќи дополнително ги зајакнува демократијата и институциите.

-Политиката во Косово може да биде непредвидлива. Тешко ми е да кажам што може да се случи. На крајот на јануари се ќе биде појасно. Останува да се види дали политичките партии ќе изберат нов претседател или земјата ќе оди на избори. Ние не треба да ги гледаме изборите како нешто што е на штета на земјата. Во овој случај, може да произведеме посилни институции во однос на процесите и предизвиците, рече Османи.

Додаде дека без оглед на тоа кој ќе биде предизвикот „ до крајот на јануари ќе мора да се справиме со тие ситуации разумно и мудро “.

-Доколку се случат избори, тоа ќе помогне во зајакнување на демократијата и создавање нови институции каде сегашниот парламент не успеа да надмине некои проблеми поради парламентарното мнозинство. Не можеме да дозволиме да продолжат ваквите блокади. Предвидување што точно ќе се случи, сметам дека е невозможно. Наскоро ќе бид епојасно и како ќе се справиме со овие околности, рече таа.

Таа се задржа на балканскиот Шенген и повтори дека е против оваа идеја. Посочи дека тоа му го кажала на албанскиот премиер Еди Рама и во номеври, а ќе му го каже и на утрешната средба, затоа што „се зборува за тоа, но нема никаков документ од кој ќе се види дека се фаворизира Косово“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина