Министерот за земјоделство и рурален развој, Бленди Чучи ќе биде новиот министер за внатрешни работи, на местото на Сандер Лешај, кој поднесе оставка по убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец.
Веста ја објави премиерот и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, кој во објавата на Твитер наведува дека денеска предлогот ќе му го испрати на претседателот на државата да потпише уредба за тоа.
На негово место тој ја предлага Милва Икономи, економски експерт и поранешна директорка на Институтот за статистика.
-Денес ќе го испратам барањето до претседателот да го потпише указот за Бледи Чучи како министер за внатрешни работи и Милва Икономи како министер за земјоделство, двајца посветени соработници во секоја задача што ја извршувале низ годините, со интегритет, професионализам и граѓанска и политичка култура, напиша Рама.
Педестгодишниот Чучи дипломирал на правниот факултет во Тирана, а магистерски студии завршил на универзитет во Белгија. Бил на повеќе високи функции на државно и локално ниво, во периодот 2013/2017 година беше државен министер за локална самоуправа и национален координатор против корупција, бил пратеник, а од јануари 2019 година е мнистер за земјоделство и рурален развој.