Во Скопје во изминатите 24 часа од последици на инфекција со коронавирусот починале уште десетмина пациенти, на возраст од 40 до 83 години, а регистрирани се 330 нови случаи на заразени лица, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, во главниот град од Ковид-19 оздравеле 248 пациенти, а бројката на активни случаи во моментов изнесува 11.566.
Од почетокот на пандемијата во март, во Скопје со опасниот вирус вкупно се заразиле 32.642 лица, покажуваат официјалните податоци.
Во извештајот на здравствените власти денеска нема податоци за распределбата на активните случаи по скопските општини.