Груби: Именувањето директори е со конкурс и со исполнување критериуми

Од:

Назначувањето нови директори на институции е во согласност со објавени конкурси и исполнување на критериумите кои се бараат, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на заедничката прес конференција со Албулена Балај Халимај, вицепремиерка на Косово.

-На вчерашната седница на Владата именувавме неколку директори по објавени конкурси и по исполнување на сите услови. Така како што ветивме пред јавноста, така постапивме. Објавивме јавен конкурс за заменици директори и директори, аплицираа заинтересираните луѓе. Тие кои ги исполнуваа условите, и во некои случаи беа и единствени кандидати ги избравме на вчерашната седница на Владата. Секоја Влада, секоја политичка партија на изборите ветува програма која сака да ја оствари. За да ја имплементира ќе мора да ги избере најспособните луѓе на кои им верува на кои ќе им додели одгворност да ја спроведат таа програма. Затоа, секоја Влада сноси одговорност за секое именувано лице. Јавноста и граѓаните треба да судат според спроведеното, според тоа коку е исполнета нашата програма последните три и пол години од ова владејачко мнозинство, рече Груби.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места