Сириски војници убија три лица меѓукои Американка и Британец, во северозападната провинција Идлиб во близина на границата со Турција, соопшти мониторинг група.
– Убиени се од заседа во областа Идлиб и армијата ги пронашла со мапи на воени позиции, изјави Рами Абдел Рахман, диектор на Сириската организација за човекови права.
Трите лица очигледно фотографирале воени позиции на патот меѓуградот Харем во близина на границата со Турција и градот Идлиб, додаде Рахман. Националноста на третото лице не е позната.