ФОТО: Фонтаната на штипскиот плоштад ќе стане најскапата цветна жардиниера во државата

Од:

Фонтаната на градскиот плоштад во Штип, за која беа потрошени 15.000 евра, ќе  биде пренаменета. Градоначалникот Илчо Захариев,одлучи нефункционалната фонтана да ја претвори во цветна градина.

Проектот за реконструкција на градскиот плоштад предвидуваше водата во новата фонтана да тече во водоскоци, но поради нестручната изведба ова остана само штипска илузија.

fontana-stip

За фонтаната да проработи потребни се дополнителни 20.000 евра, средства со кои општината во моментот не располага, па затоа градоначалникот  се одлучи за поевтината жардиниерска солуција. Сликата за градскиот плоштад ќе биде заокружена со поставување„постамент на генералот Михајло Апостолски“ во центарот на фонтаната.

fontana-stipq

Градоначалникот наместо да ја побара одговорноста за ваквата состојба на фонтаната, реши на штипјани да им ја подари најскапата жардиниера во државата.

fontana-stipq1 fontana-stipq11 fontana-stipq12

Би можело да ве интересира

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он

Недели не делат од убава вест за доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, најави премиерот

Пијан штипјанец предизвикал сообраќајка, а немал положено за возачка

Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани

По трагедија во Кочани: Штипјани рекоа „Доста е“

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна