Во Скопје во изминатото деноноќие се регистрирани нови 425 лица заразени со коронавирусот, а уште седуммина скопјани починале како последица на компликации од Ковид-19, соопштија здравствените власти.
Починатите биле на возраст од 64 до 81 година.
Во истиот период, во главниот град оздравеле 247 пациенти, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 11.492.
Од почетокот на пандемијата, во Скопје вкупно се заразиле 32.310 луѓе, покажуваат официјалните податоци.
Во денешниот ковид-извештај на Министерството за здравство нема податоци за распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината.