Ситуацијата во врска со пандемијата на коронавирусот во Словачка е исклучително сериозна, изјави денеска словачката претседателка Зузана Чапутова, оценувајќи дека мерките кои моментно се во сила не се доволни.
Чапутова ги повика граѓаните да бидат одговорни и да ги редуцираат личните контакти пред и во текот на прославата на Божик.
Таа побарала од работодавачите да им дозволат на вработените да работат од дома.
Од почетокот на пандемијата, во Словачка се потврдени 135.523 заразени случаи со коронавирус, а 1.251 починале како последица од инфекцијата.