Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни на корона вирусот – информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97 во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.