Уметнички инсталации кај некогашните кино „Карпош“ и диско „Турист“

Од:

Две нови скулптурални инсталации во јавен простор, насловени „Урбани топоними – акции наменети за зачувување на спомените на градот“ се поставени денеска на две локации – киното „Карпош“, каде што со свое дело интервенираше младиот уметник Андреј Миневски, и некогашното диско „Турист“ каде што е поставено делото на Ѓорѓе Јовановиќ.

Центарот за современи уметности Скопје и Општина Центар соопштија дека идејата на овој проект е да ги означи значајните урбани топоними (микролокации) во Општина Центар кои се непознати за помладите генерации скопјани и за многу граѓани од цела држава кои се доселени во главниот град. Но за Скопје и за повозрасните скопјани, посочуваат, тие се значајни места на кои се темели ориентацијата низ центарот на градот.

– На овие две локации се поставени урбани инсталации кои го збогатуваат и го објаснуваат локалниот контекст низ визуелниот приказ на уметноста, воедно давајќи му на реципиентот/гледачот директни информации за локацијата и нејзината урбана и сторија и меморија. Едновремено, покрај секоја инсталација се поставени и табли со текст кој низ урбани наративи ја објаснуваат акцијата и локацијата и нејзиното значење за градот, соопшти Општина Центар.

Целта на оваа акција е да се придонесе кон трајно меморирање на битните микролокации во Центар и зачувување на овие урбани топоними за наредните генерации.

– Во рамките на проектот, секој урбан топоним е предмет на интервенција на еден уметник. Секој уметник беше помогнат од тим составен од визуелен уметник, претставник на Центарот за современи уметности и консултант односно антрополог кој се занимава со прашањата на градот и неговата колективна меморија, соопшти Општина Центар која финансиски го поддржа проектот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска