(ВИДЕО) Кузеска: По шест порази од граѓаните Мицкоски да ја научи лекцијата

Од:

„И по шест порази, Христијан Мицкоски никако да ја научи лекцијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во континуитет од 2017 години губи на сите избори и упорно продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните.

Мицкоски како носител на листата на Град Скопје на локалните избори во 2017 година беше поразен.

Беше поразен и една година подоцна на референдумот во 2018 кога граѓаните одлучија да го поддржат Договорот со Грција и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Неговата кандидатка загуби на претседателските избори во 2019 а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село.

Пред само 5 месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип.

Поразите на Мицкоски продолжија и во Собранието на Република Северна Македонија кога се гласаа уставните измени, како и кога се гласаше и за Законот на Јавното обвинителство.

Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново и одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее и тоа само заради една единствена цел – да ја зачува фотелјата во белата палата.

Со погубните политики на Мицкоски, тој и ВМРО ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и јасно кажуваат НЕ за лаги, манипулации, деструкции, опасност и нестабилност.

Мицкоски е сам и изолиран во сопствените лаги, во сопствените деструкции“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук