Најден украден автомобил, приведен и осомничениот за кражбата

Од:

Тетовската полиција успеа да најде украден автомобил и да го приведе осомничениот за кражбата. Десетина минути по полноќ ноќеска на крстосницата на улица „Борис Кидрич“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово е приведен осомничениот 26-годишен за кражбата на возилото.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово, кој претходно одзел патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 35-годишниот тетовец С.Н., а кое било паркирано на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Возилото било пронајдено и вратено му е на сопственикот, додека на Џ.И. му е одземен нож. Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница