Продажбата на автомобили ќе падне, прогнозира опсерваторијата Цетелем

Од:

Продажбата на автомобили ќе падне за 17 отсто ширум светот во 2020 година и за 28 отсто во Европа, покажуваат податоците на опсерваторијата Цетелем 2021, претставена од Франс Инфо. Покрај тоа, само 27 отсто од Европејците, наспроти 34 отсто во 2019 година, планираат да купат возило во следните 12 месеци. Тие се 26 отсто во Франција наспроти 36 отсто во 2019 година.

Ова според анализата на Цетелем претставува историски чекор наназад.

-Луѓето имаат тенденција да ги чуваат своите автомобили се подолго и подолго, исто така тоа е прашање на перцепција бидејќи сликата се влошува. Навистина, повеќе од половината граѓани велат дека автомобилот зазема премногу важно место, посочи утрово Флавиен Нојви, директор на Опсерваторијата Цетелем за автомобили, за Франс Инфо.

Авто-индустријата тежи многу во економијата, и таа е силно погодена. Кина и Турција се подобро пласирани. Спротивно на тоа, во Европа, Шпанија и Велика Британија се очекува пад од-36 отсто и-30 отсто во продажбата на автомобили. Додека во Франција, само 26 отсто од Французите, наспроти 36 отсто во 2019 година, планираат да купат возило во следните 12 месеци.

Здравствената криза го забрза поместувањето кон продажба на електрични и хибридни возила. Автомобилската индустрија се соочува со двоен предизвик: и општествен и еколошки. Секторот постојано бара иновации за да се адаптира на пазарот и побарувачката на „чисти автомобили“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска