Новата бугарска Влада сака да ја заврши нуклеарната централа во Белене, изјави премиерот Пламен Орешарски.
– Гледам на Белене како на економски, а не на политички проект, наведе Орешарски.
Проектот, во кој финансиски ќе учествува и Русија, претходната влада го стопираше кон крајот на февруари.
Бугарите на референдум во јануари се изјаснија за завршување на нукеларната централа на Дунав, но поради малата излезност, резултатот не е обврзувачки.
Изградба на централата Белене беше прекината минатата година поради финансиски причини. И Брисел и Вашингтн апелираа до Бугарија да се изгради централата. Но, бугарскиот Парламент одлучи наместо во Белене да изгради нов реактор во единствената постоечка бугарска нуклеарна централа Козлодуј и во истовреме да го продолжи векот на траење на двата постоечки рекатори од по 1.000 мегавати до 2030 година.
Орешарски наведе и дека Владата повторно ќе го разгледа проектот со Русија и Грција за изградба на нафтовод преку туристичкиот центар Бургас.