Владата утре на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести

Од:

Владата утре на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб, најави премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека генерално, владата ги почитува препораките на експертската фела.

Заев предлага и претставници на опозицијата, како што е доктор Вело Марковски, да дадат предлози, а Владата ќе ги разгледа.

– Оваа Комисија не е ниту од СДСМ, ниту од ДУИ, ниту од не знам која друга политичка партија, туку тоа е државна здравствена комисија на која и веруваме, ја охрабруваме да носи предлози, сугестии до Главниот штаб и до Владата. Утре штом Владата ќе се изјасни за овие прашања ќе излеземе јавно со министерот за здравство и неговиот тим од Министерството за здравство, јас и ако треба и други луѓе да ги соопштиме мерките, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Доаѓа време на празници, прво католички Божик, Нова Година, православен Божик и другите празници од крајот на годинава и во јануари и е многу логично сериозно дa разгледуваме вакви аспекти, нагласи Заев и додаде дека му е драго што Комисијата за заразни болести навремено ги дава ваквите предлози и штом ќе ги утврдат веднаш ќе ги соопштат.

Комисијата за заразни болести реши да ѝ препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски