Мицкоски: Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско

Од:

Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспеси. Ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени првите три месеци од мандатот на актуелната Влада.

-Ова се 100 дена на загубени штедни влогови, упропастена банка, загубени пари, илјадници загубени работни места, загуби за земјолците, бизнисот, загубени инвестиции. Ветуваа живот, а по изборниот инженеринг составија Влада со ветување – можеме повеќе и подобро, а за само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ и влеговме во рецесија, поскапе струјата, се загубија животи поради неспособност да се манаџира здравството, истакна Мицкоски.

Според него, сегашната Влада не може да ги менаџира ни економијата, образованието и надворешната политика. Нема ниту еден капитален проект, гасификацијата доцни, а повеќето граѓани живеат со по две евра на ден.

-И не само тоа, туку и многу лажат, тоа е за нив секојденвие. Нормална држава овие работи не би издржала, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ќе оди на лидерска средба организирана од премиерот Зоран Заев, а потенцираше дека нема да учествува на евентуална лидерска средба којашто би дошла по иницијатива на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Пендаровски не е лидер на политичка партија, ако е потребна поддршката на политичките партии, ние да разговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. На формат организиран од Пендаровски нема да учествувам ако дојде на иницијатива на Владата, да ќе учествувам – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава