Прага годинава само со 80 сончеви часови

Од:

Последните податоци од Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМУ) покажуваат дека годинава во земјата времето најчесто било облачно, а жителите на Прага, каде сончево било само 80 часа, слободно можат да кажат дека „не ги огреало Сонце“.

Само за споредба, во 2011 година, во истиот период од годината сончево и јасно било 417 часа, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

– Недостигот од сончева светлина може да влијае на пониска просечна топлина на воздухот, но и на психичкото здравје на населението и почесто се јавува депресија и самоубиствени нагони, вели Петр Дворжак од ЧХМУ.

Според Дворжак, не може да се генерализира и предвидува дека таквата состојба ќе продолжи до крајот на годината, со оглед на тоа што не е позната причината за промените.

Сепак, се очекува температурите во земјата во летните месеци да бидат повисоки поради глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица