Вториот рекет на светот, Шпанецот Рафаел Надал ќе настапи на Грен слемот Австралија опен – 2021.
Оваа информација ја потврди меначерот на шпанскиот тенисер Бенито Перез-Барбадиљос.
– Имавме разговор денес со Надал. Рафа дефинитивно лета за Австралија, изјави Барбадиљос на прес-конференција.
Турнирот во Мелбурн по традиција се одржува во првиот месец на годината, но овој пат нема да биде така. Извршниот директор на Австралија опен, Крег Тили изјави дека поради пандемијата и дополнителни мерки, почетокот на Австралија опен е одложен од 18 јануари за 8 февруари.