Комисијата за заразни болести решава за нови рестриктивни мерки за празниците

Од:

Комисијата за заразни болести денеска се очекува да расправа дали за празниците ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки и промени во однос на работата на угостителските објекти со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид-19. На состаникот ќе присуствуваат и претставници на угостителскиот бизнис.

Според статистиката на Министерството за здравство што беше објавена синоќа за претходното деноноќие, од вкупно 1837 тестирања се регистрирани 613 нови случаи на Ковид-19, оздралеве 668 оздравени пациенти и 25 починати.

Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38, Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.

Во меѓувреме здравствените власти ги продолжија подготовките за вакцинацијата против вирусот, а министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓaните дека вакцините против коронавирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и се единствен начин да ја победиме пандемијата. Информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, истакна Филипче.
Тој вчера посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината против Ковид-19.

Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид-19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните, истакнаа од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски