Захариева: Ако има договор, можеме да ги одобриме преговорите за С. Македонија и пет дена пред изборите

Од:

Имаме многу јасен став. Сакам да потенцирам дека тоа нема никаква врска со изборите. Ако постигнеме договор пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри Рамката за преговори на РС Македонија за почеток на претпристапните преговори.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарска „Нова ТВ, пренесе БГНЕС.

Таа истакна дека главното прашање во спорот е поврзано со спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, што беше потпишан во август 2017 година.

-Најголемата манипулација што доаѓа од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување. Ние не им го негираме ниту на бугарските граѓани правото да се самоопределат, а не пак да им го ускратуваме тоа на странските граѓани, наведе Захариева.

Имаме интерес РС Македонија да започне преговори, но не можеме да замижуваме на заштитата на националните интереси. Имаме многу точки со неисполнување на Договорот, дополни таа и повика да се намалат емоциите и да не се зборува преку медиуми.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски