Словенечкиот скијач Мартин Чатер приреди сензација на денешниот спуст од Светскиот куп, минувајќи прв низ целта на патеката во Вал Д”Изер со стартен број 41.
Дваесетипетгодишниот Чатер до својата прва победа во кариерата дојде со одлично возење, а му помогна и среќата, бидејќи во време кога се појави на стартот францускиот зимски центар го огреа сонце, а патеката стана побрза.
Чатер е само третиот Словенец со победа во спуст во Светскиот куп, по Андреја Јерман и Боштјан Клине.
Второто место во денешниот спуст го освои Австриецот Отмар Штрајдингер, кој заостана 22 стотинки, додека трет беше Швајцарецот Урс Крејнбухл, со 27 стотинки заостанување зад Чатер.