Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу Европската унија и Велика Британија.
– Секоја можност да се постигне договор е исклучително добредојдена, рече Меркел на прес-конференција во Берлин.
Велика Британија се повлече од ЕУ на 1 јануари, но е неформална членка до 31 декември, кога официјално завршува преодниот период за време на кој беше дел од единствениот пазар и царинската унија.