(ВИДЕО) Каракачанов: Инсистираме Скопје да го спроведе Договорот за добрососедство

Од:

Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за Бугарската национална телевизија (БНТ).

– Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме заткулисни игри, нагласи Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

Како што јави БГНЕС, според него, како и во целата своја 125-годишна историја, така и сега, партијата ВМРО „ја брани бугарштината“.

– Важно е да прекинеме со практикувањето на говорот на омраза, додаде Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски