Асад: Во Сирија пристигна првата пратка на руските ракетни системи С-300

Од:

Во Сирија пристигна првата пратка руски ракетни системи С-300, потврди во интервју за телевизијата Ал Манар сирискиот претседател Башар Ал-Асад.

– Втората пратка ќе пристигне набрзо – додава Ал-Асад.

Сирискиот претседател вели дека државата донела одлука да учествува на мировната конференција што ја подготвуваат Русија и САД, но од неа тие не очекуваат важни решенија.

Ал-Асад тврди во интервјуто дека соодносот на воените сили во Сирија се променил во полза на владините сили, кои во последно време според него, имаат големи успеси против терористичките формации, како што режимот ги нарекува опозициските сили.

Сирискиот лидер ги обвинува Турција, Саудиска Арабија и Катар дека со нивна поддршка во Сирија влегле околу 100 илјади платеници од арапски и други држави. Башар признава дека единици на либанската шиитска група Хезболах војуваат на страната на владините сили во пограничните региони во Либан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија