Без вода, утре од 8:30 часот, ќе останат улиците „Босна и Хецеговина“, дел од „Ферид Бајрам“, „Костурска“, „Тале Христов“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“, „Боро Менков“, „Љуба Ивановќ“, „Црвени Брегови“, „Никола Петров“ и „Груица Војвода“, како и објектите на Поликлиника Чаир и Институт за медицина на труд.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник на цевка Ф300 милиметри на улица „Босна и Херцеговина“, раскрсницата со „Кемал Сејфула“, и ќе трае се до завршување на дефектот.