Ахмети убеден дека со Бугарија е можно брзо решение без последици врз јазикот, идентитетот и културата

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари со поранешниот премиер Владо Бучковски, кој сега е избран од Владата на Северна Македонија, за контекстот со соседна Бугарија, соопшти ДУИ.

– Ахмети и Бучковски, дискутира за имплементација на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, актуелните ставови меѓу странките и најдобрите начини за да се надмине создадениот спор. Ахмети даде целосна поддршка за интензивен дијалог и изрази убедување дека решението може брзо да се постигне и тоа без никакви последици врз јазикот, идентитетот и културата кои не се дел од контекстот и дијалогот, информираат од ДУИ.

Од таму уште додават дека европскиот дух на постигнување договор треба да преовладува и во неговото прецизно спроведување без одлагање и како дел од рамката за преговори во областа на меѓусоседските односи, но и уставните одредби за територијална и друга не-закана за нашите соседи.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски