Владата прераспредели 20 милиони евра буџетски средства за ефикасно спроведување на тековни програми

Од:

Владата на денешната 29-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се алоцираат нешто повеќе од 1,3 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра.

Како што соопшти владината Прес-служба, целта на оваа прераспределба е да се обезбедат дополнителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против КОВИД-19, за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал ангажирани во лекувањето на пациенти заболени од КОВИД-19, за поддршка на развојот преку гарантирање на кредити за обртни средства и на кредити за основни средства одобрени од страна на банки и штедилници – Гарантен фонд, за Развојната банка на Северна Македонија, за подмирување на обврски на јавните здравствени установи, исплата на државна помош по основ на склучени договори, склучување на вонсудски спогодби со поранешните вработени од СЈО за подмирување на обврските за плати и надоместоци, за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, како и обезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.

На седницата Владата ги утврди и Предлог-стратегија за регионален развој 2020 – 2030 и Предлог закон за рамномерен регионален развој, како измените и дополнувањата на Програмата за Рамномерен регионален развој за 2020 година и реши да му ги достави на усвојување на Собранието.

– Стратегијата за регионален развој 2020-2030 на Република Северна Македонија е долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, целите и приоритетите на регионалниот развој во Република Северна Македонија и се дефинираат мерките, инструментите и финансиските и други средства за нивна реализација, а со Законот за рамномерен регионален развој се обезбедуваат правни инструменти за поддршка за спроведување на рамномерниот и одржлив развој на целата територија на Република Северна Македонија, заснован врз моделот на полицентричен развој, намалување на разликите меѓу планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани во сите региони и локални заедници, се додава во соопштението од владината седница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски