Матичниот лекар Дашмир Дервиши од тетовско Боговиње почина поради последици од Ковид-19, објави месната заедница од Боговиње на нивната Фејсбук страница.
Градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на неговиот сограѓанин, 41-годишниот доктор Дервиши.
– Многу ми е жал што пишувам за вестите што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата душа нека почива во мир, напиша Џемаили.
