„Прв до врв“ манифестација за Водно и жичницата

Од:

„Прв до врв“ е манифестацијата со која скопјани со масовно качување ќе го прослават постоењето на планината Водно и ќе одбележат две години од почетокот со работа на Жичницата на Водно. Манифестацијата ја организираат Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  и ќе се состои од натпреварувачки и забавен.

– Скопјани го имаат Водно, планина  што ретко кој град на Балканот, па и во Европа ја има, каде што со жичницата и пешачките патеки им се овозможува рекреирање на граѓаните, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски

Прв до врв, рече тој, е добро смислен наслов со што граѓаните нема да се натпреваруваат, туку целта е да се мотивираат луѓето за поголемо искористување на Водно.

Директорот на ЈСП го поздрави настанот и ја најави големата ноќна забава со почеток во 22 часот со ДЏ елитата од Македонската сцена.

Качувањето ќе почне во 9 часот пред ОУ „Кочо Рацин“  а Велосипедската трка на „Солидарност “ во чест на 50 години од скопскиот земјотрес ќе стартува во 10 часот од истото место.

Натпреварувачите ќе добијат сертификат за учество а најдобрите ќе бидат наградени со пехари, производи и парични награди. Имињата на најбрзите учесници во трките ќе бидат испишани на трајна табла која ќе биде поставена на врвот на Водно.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух