Гален: Италија доцни со граѓанските права

Од:

Пратеникот на партијата Народна слобода на поранешниот премиер Силвио Берлускони изјави дека ќе изнесе нацрт закон за признавање на геј заедницата.

-Ние во Италија доцниме во смисла на граѓанските права-истакна пратеникот Џанкарло Галан, ден откако во Франција се одржа првата венчавка на хомосексуален пар.

Гален додаде дека според законот кој што го предлага, на геј заедницата би се применувале исти правила како на брак.

Според него геј паровите би имале исти права и обврски како хетеросексуалци, особено во областа на наследство и пензија.

Италија е една од малкуте држави во западна Европа која не признава никаков облик на геј заедница.

Тој нагласи дека некои членови од неговата партија му дале поддршка, но Белускони и секретарот на партијата Анџелино Алфано, кој е и заменик на пермиерот, не му одговориле ништо.

Лидерот на групата активисти „Рамноправна Италија“, Аурелио Манкузо смета дека потегот на Галан е позитивен, но дека претходните обиди никогаш не биле усвоени.

Дебатата за правата на геј популацијата во Италија е интензивна по усвојување на законот за легализација на истополови бракови во Франција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски