Тренерот на Манчестер Jунајтед, Оле Гунар Солскјер, достави список до клупското раководство со три приоритетни засилувања во јануарскиот преоден рок, јавија вечерва англиските медиуми.
Весникот „Manchester Evening News“, повикувајќи се клупски извори, обелодени дека желбата на Солскјер е од идниот месец да ги види на „Олд Трафорд“ англискиот репрезентативец од Брајтон, Бен Вајт, како и француските интернационалци, Рафаел Варан од Реал Мадрид и Давот Упамекано од Лајпциг.
Дел од медиумите, во меѓувреме, објавија дека шансите 22-годишниот Французин од редовите на бундеслигашот да го облече дресот на Манчестер Jунајтед во јануари се сведени на минимум, по елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Лигата на шампиони.