Во Скопје 410 новозаразени, 30-годишен пациент меѓу починатите

Од:

Во Скопје се забележани 410 нови случаи на лица заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, а уште седуммина скопјани ја загубиле битката со Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Меѓу починатите во изминатото деноноќие е и пациент на 30-годишна возраст, а останатите пациенти биле на возраст од 61 до 68 години, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во изминатиот ден во главниот град оздравеле 295 лица, а во моментов се заразени 11.152 скопјани.

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на заразени во Скопје изнесува 31.101, според официјалните податоци.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски