Мицотакис: Европа направи чекор во однос на Турција

Од:

Ако треба да сумирам во една реченица што се случи на Европскиот совет, би рекол дека Европа направи чекор. Обично Европа прави по еден чекор. Но сепак, направи чекор што претставува предупредување, најсилно предупредување до сега за Турција да го смени однесувањето, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес конференцијата во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Мицотакис објасни дека за Грција, санкциите како санкции не се цел самите по себе, но додаде дека „заканата од санкции, во случај Турција да продолжи со провокативното однесување, е најдобрата алатка за притисок врз Турција, за да го промени нејзиното однесување“.

Грчкиот премиер истакна дека Европа е обединета и ги поддржува Грција и Кипар и испраќа јасна порака дека е „присутна во геополитичките настани во Источниот Медитеран“.

-Да немате сомнеж дека ако Турција продолжи со провокативното однесување, ќе бидат донесени и други одлуки во март. Ова е тоа што го очекувам? Ова е тоа кон кое што се стремам? Дали тоа е она што го посакувам? Очигледно не е. Мојата желба секогаш е овој постепен притисок врз Турција да функционира на начин на кој ќе ја убеди соседната земја дека на крај, во нејзин интерес е да го промени ова провокативно однесување. Да ги ​​запре провокативните активности кон Грција во Ексклузивната економска зона на нашата земја. Да седне на преговарачката маса , да започнат прелиминарните контакти, порача Мицотакис, повторувајќи дека разговорите се однесуваат само на одредувањето на континеталниот гребен и Ексклузивната економска зона во Егејското море и Источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата